Охрид 2004 претпре пораз од 2-1 од прилепска Победа на стартот на мечевите од Втората лига. Натпреварот беше одлучен во финишот на мечот кога гостите преку Карчески стигнаа до огромна победа.

По мирните 45 минути, први во предност дојдоа прилепчани во 62 минута со голот на Чешелкоски. Во финишот на мечот преку Меди охриѓани изедначија на 1-1.

Но наместо “реми“ охриѓани потклекнаа и примија погодок со кој гостите ги однесоа трите бода од Охрид.

Во наредното коло , охриѓани гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш.