Ракометарите на Вардар го продолжија победничкиот низ во плејофот од Супер лигата триумфирајќи 37-26 (20-13) против составот на Охрид во шестата рунда од шампионатот.


„Црвено црните“ фаворитска улога и квалитетот го покажаа на стартот од мечот кој го отворија со серија голови.

Охриѓани добро им парира на „вардарци“ кои првиот дел го добија со седум голови предност на семафарот (20-13).

Во второто полувреме домаќините притиснаа на педалата за гас и го зголемија водството на најголеми 12 голови.

Лидерот на табелата во последните десет минути од мечот ја задржа предноста и ја забележа шестата победа во серија додека охридските бели го претпеа петтиот пораз.

Со девет голови најпрецизен во тимот на Охрид беше Печенковски, пет реализираше Кежиќ, а четири десниот бек Павловиќ.

Охрид и Вардар во петок во рамките 1/2 финалето од Купот на Македонија ќе одиграат нов натпревар.

Мх.П.