Дербито на дното во Втората македонска фудбалска лига помеѓу Охрид – Новаци им припадна на гостите со 4-1. Охриѓани на последниот натпревар пред своите гледачи во есенската полусезона одиграа далеку под очекувањата, по што поразот од конкурентот за опстанок беше неизбежен.


Инфериорноста на охридскиот состав во нападот одлично ја користиеа фудбалерите на Новаци, кои лесно ја презедоа иницијативата на теренот. Порозноста во охридската одбрана која се создаде по повредата на капитенот Љупчо Митрески, гостинската екипа ја искористи во 29-та минута, кога со “евроголот“ на Соколовски стигна до предност 1-0.


Две минути подоцна односно во 31-та минута “жолтите“ ја дуплираа предноста 2-0. Талевски се прошета низ охридската одбрана и со прецизен удар по втор пат ја затресеже мрежата на Костоски.

На почетокот од вториот дел Бакулески стартуваше остро над противничкот фудбалер К. Ристевски. Скопскиот арбитар Величковиќ му додели втор жолт, автоматски црвен картон што дополнително ја влоши ситуацијата за “рибарите“.


Новаци бројчната предност на теренот ја валоризираше со уште два погодоци во мрежата на охриѓани. Со парот голови на капитенот Благојче Ристевски во 80-та и 82-та минута “жолтите“ ја осигураа победата и освоија круцијални бодови за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Во 88-та минута домашните фудбалери постигнаа почесен погодок. Китрозоски со гол во мрежата ја казни грешката на потесната одбраната на Новаци и го ублажи поразот.

По овој пораз охридските фудбалери останаа на 13-та позиција на второлигашката табела со 12 бодови.

Мх.П.