Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“. Настанот е организиран од ЈП „Билјанини Извори“ и КК „Колибри“ Охрид, со поддршка од Општина Охрид.
Целта на турнирот е да се промовира баскетот како динамичен, модерен и урбан спорт кој ги поврзува генерациите, и да се понуди вистинско уживање за сите љубители на кошарката, велат организаторите.
Посочуваат дека право на учество имаат сите играчи кои имаат наполнато 18 години и постари, а бројот на пријавени екипи е ограничен на 20 тимови. Рокот за пријавување е од 4 до 15 ноември 2025, или до исполнување на бројот на екипи. Пријавување на екипите ќе е во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (од 10:00 до 14:00 часот) секој работен ден.
Котизација за учество на турнирот е 4000 денари која до 1 декември треба да се уплати на жиро сметка на ЈП “Билјанин Извори”. За повеќе информации поврзани со претстојниот турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, сите заинтересирани да се обратат на следниот телефонски број: 078 260 987
Средствата од котизацијата ќе бидат насочени директно во наградниот фонд. За време на одржување на турнирот предвидено е и организирање на специјален и ревијален програмски дел за најмладите баскеташи, потенцираат организаторите.
Специјален дел:
- Натпревар во тројки (3 Point Contest)
- Натпревар во забивање (Dunk Contest)
Ревијален дел за најмладите баскеташи:
- Категорија 1: родени 2014 и помлади
- Категорија 2: родени 2012 и помлади
- Категорија 3: родени 2010 и помлади
Очекувајте три дена исполнети со одлична атмосфера, спортски дух и дружење. Охрид повторно ќе биде центар на урбаниот баскет и позитивната енергија!, додаваат организаторите.
OhridNews











