Aлександар Вукашиновски и Исмаил Металари ќе бидат судии на мечот меѓу Охрид и Преспа во втората рунда од плеј аут лигата, кој ќе се одигра во петок во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток од 19 часот.

Бодовите од овој меч се од исклучително значење за двата состави во трката за опстанок во елитната ракометна лига.
Мх.П.










