Општина Охрид, учествуваше на 15-от Меѓународен саем за Туризам Емитт 2011 кој се одржа во Истанбул- Турција.

Општина Охрид  била дел од заедничкиот штанд со националниот парк Маврово и Агенцијата за промоцијата и подршка на Туризмот и при тоа биле промовирани убавини на нашиот град. Охридските претставници оствариле голем број средби и контакти со странските туристички агенции и туроператори кои покажале интерес за соработка и носење на гости во Македонија.


Целта на овој настап е привлекување на што поголем број на туристи-гости од Турција  и промовирање на општина Охрид како значајна и привлечна туристичка дестинација.


На Меѓународниот туристички саем учествуваа претставници од 60 земји и вкупно 4. 000 меѓународни излагачи. Освен Македонија, на саемот учествуваа претставници од голем број земји како што се САД, Дубаи, Германија, Аргентина, Италија, Франција, Русија и др.  Саемот го посетиле околу 100.  000 посетители.

OhridNews