Со цел да се претстават и промовираат туристичките потенцијали на Охрид  и потенцијалите за развој на руралниот туризам,  претставници од Секторот за туризам и ЛЕР и оваа година  учествуваа на третиот Меѓународен саем за туризам и селски туризам во Крагуевац.


Пред голем број излагачи, посетители, туроператори и туристички агенции и туристички работници,  Охрид имаше можност да ја презентира богатата туристичка понуда од областа на туризмот и селскиот туризам.

Од страна на српските медиуми бил пројавен интерес  за промовирање на туризмот и руралниот туризам во Охрид и потребата од размена на искуства во развојот на понудата и услугите за еден поширок регионален развој на селскиот туризам.

OhridNews