Оштина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија учествува на меѓународниот саем за туризам во EXPOCITY ALBANIA што се одржува во Тирана.
По промоцијата на туристичката понуда на Охрид, претставниците од локалната самоуправа остварија голем број работни средби со туристички агенции и туроператори. Од страна на туроператорите од Албанија, во нивната регионална туристичка понуда ќе биде вклучена и понудата на Охрид.
Саемот за туризам е во организација на министерството за туризам на Република Албанија.
Ohridnews














