Кон кампањата за одбележување на Денот на ретките болести, се приклучија бројни инсституции, организации, училишта, граѓани. Поддршка на лицата со ретки болести денеска стигна и од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид.

Учениците од 2 и 3 одд при ОУ”Св.Климент Охридски”, пак, заедно со своите одделенски раководители и инклузивниот дефелтолог во училиштето, изработија маици, хамери и отпечатоци со боите на логото за Денот на ретките болести, и најавија вклучување во маршот закажан за 28.02.2018 година.

Мобилизацијата на Охрид за Денот на ретките болести, е убав пример на сплотеност за една благородна и хумана цел, а би било добро тој да се следи во другите области на општественото живеење.

OhridNews