Во пресрет на меѓународните настани кои од идната недела ќе се оддржат во Охрид, екипите на охридските јавни претрпијатија интензивно го средуваат просторот на повеќе локалции во градот.
Се средува стариот дел на градот и трасата на движење на високите гости, кои ќе учествуваат на Самитот на претседатели на држави и влади од југо-источна Европа, чиј домаќин е македонскиот претседател, Ѓорѓи Иванов.
Во пресрет на овој меѓународен настан, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ги посети вработените од ЈП „Охридските Комуналец“, кои работат на уредување на тревниот појас на магистралниот пат кој води до хотелот „Инекс“.
„Нашата цел не беше само да се излезе во пресрет на случувањата кои ќе бидат во Охрид во следните десеттина дена, туку наша цел е конечно овој простор помеѓу двата правци на овој магистрален пат помеѓу Билјанини извори и Св. Стефан да го решиме со комплетно решение, за кое во моментов се изработува елаборат кој ќе овозможи овој дел на градот да добие убав изглед. Согласно времето кое не притиска за организација на самитот на претседатели од Југоисточна Европа, оваа недела во соработка со јавните претпријатија од Охрид, формиравме работна група која ќе биде раководена од ЈП Охридски комуналец за ангажирање на повеќе лица со цел до среда следната недела, овој простор да биде комплетно расчистен и да добие еден пригоден изглед.“ – изјави Бакрачески.
Тој додаде дека овие активности ќе бидат само дел од фазите кои ќе бидат направени во текот на летото, со цел овој простор да биде соодветно уреден.
OhridNews