Советот на општина Охрид на 9-ти ноември, петок, ќе ја одржи 54-та седница.
На дневен реед ќе се најде предлог одлуката за усвојување на оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид и приградскте и селските населби, предлог одлуката за усвојување на годишната Програма за работа на Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“- Охрид во учебната 2012/2013 година, предлог одлуката за воспоставување на соработка помеѓу општина Охрид и општина Инџија, како и предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локална самоуправа Охрид за 2012 година.