Женскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ в недела во 16:30 часот после мечот со Ас Јунајтед официјално ќе биде прогласен за шампион на Македонија.

– Ги правиме потребните подготовки да биде вистински спектакл. Ова е можеби најголемо достигнување за охридскиот спорт во последните неколку години. Затоа ги повикувам сите љубители на фудбалот и спортот во Охрид да дојдат на стадионот и заедно да ја прославиме шампионската титула – рече претседателот на клубот, Јовче Попоски.

Со освојување на шампионската титула охридскиот женски фудбалски клуб обезбеди учество во Лигата на Шампиони следната сезона.

Мх.П.