Во тек се подговотвките за манифестацијата „Бадникова поворка – навестување на Христовото раѓање“, која по вторпат ке се одржи во Охрид на 6-ти јануари. Манифестацијата ја организираат група верници од Охрид со поддршка на локалната самоуправа.
Интересот за учество е поголем од првото издание, велат организаторите.
-Во поворката ќе учествуваат околу 300 дечиња, како своевидна симболика на ангелите. Тие носејќи пештерата на раце, ќе го навестат раѓањето на Синот Божји. Дечињата ќе ја пеат старата коледарска песна „Вечниот Бог”, носејќи фенери во раце како симбол на вечната светлина. Исто така, тие ќе носат и торбички за дарови, специјално изработени за оваа прилика, информираше Летка Филипова, член на организациониот одбор.
Целта на овој проект е повторно заживување на некогашната стара духовна традиција за прослава на празникот Божик, вели Филипова.
OhridNews