По повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, денеска пред споменикот на Светите Кирил и Методиј беше организирана пригодна свеченост од страна на локалната самоуправа.

Настанот започна со читање реферат за солунските браќа, а во нивна чест делегации на општина Охрид, образовните институции, политичките партии, невладините организации, здруженија на граѓани и поединци, положија свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк.

Во име на општина Охрид, пред присутните се обрати секретарот Димитар Спасески, кој годинашната прослава ја посвети на најмалдите охриѓани кои во текот на изминатиот период освоија награди на државните и меѓународни натпревари.

Особено ме прави горд фактот што оваа година, Денот на сесловенските просветители го посветуваме на нашите најмлади сограѓани кои со својот труд, умешност, знаење и посветеност, успеаа да ги освојат највисоките одличја на сите општински, регионални и државни натпревари. Тоа за нас како општина, претставува гордост и обврска со понатамошни инвестиции во рамките на образовните институции да воведеме што повеќе европски практики. Пријатно ми е чувството што денес кога можам да има доделам скромни подароци  во име на ошштина Охрид, кои верувам дека за нив ќе претставуваат поттик да одат по патот на знаењето.“ – истакна Спасески.

Најмладите учениците од основните и средните училишта добија награди и пофалници од страна на општина Охрид, а настанот беше збогатен со инструментална изведба на виолинистот Петар Маркоски.

O.T.