Низ центарот на градот се забележува празничната еуфорија. Градот се полни со гости кои новогодишните и божикните празници ќе ги поминат во Охрид.  Од вчера е значително зголемена сообраќајната фрекфенција низ улиците во Охрид, а во текот на денешниот ден исто така има значителен прилив на возила во градот информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Со цел зголемување на безбедноста, полициски тимови и синоќа и во текот на денешнот ден се на терен. Како што информира Димоски не се забележани значителни проблеми.

Од вчера значително е зголемена сообраќајната фрекфенција низ улиците во Охрид и воопшто бројката на луѓе во градот се зголемува. Тоа е добро бидејќи имаме гости кои што тука ќе бидат за време на новогодишните празници. И покрај зголемената фрекфенција на луѓе, нема одредени значителни проблеми во делот на сообраќајот, нема проблеми во однос на нарушување на јавниот ред и мир, вели Димоски. 

Состојбата во градот е стабилна, а верувам дека така ќе биде и во текот на новогодишната ноќ, бидејќи полициски службеници ќе бидат постојано на терен  на подрачјето на СВР Охрид, со цел да има повисок степен на безбедност, да не се случат кражби и да нема нарушување на јавниот ред и мир, како и да се  зголеми сообраќајната безбедност, додава Димоски.

Полициските службеници за време на  претстојните новогодишни и божикни празници ќе бидат на терен во централното градско подрачје, во близина на угостителските објекти и на коловозите во градот и на патиштата надвор од градот кои водат кон другите населени места,како и во приградските населби. Апелирам до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Посебно апелирам да не се управува моторно возило под дејство на алкохол, порача Димоски. 

 

К.А.