На свој штанд, Охрид ја презентира туристичката понуда во амбиент на македонска народна музика.
Туристичките работници од Охрид остварија средби со реномирани туроператори од Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и Словенија, кои се поканети на организирана промотивна посета на Охрид во почетокот на 2011 година. На неа се очекува да бидат понудени конкретни пакет аранжмани подготвени од туристичкиот еснаф.
Во рамките на саемот беа организирани средби помеѓу европските туроператори и излагачи од саемот.