Општина Охрид се приклучи кон „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење“. За таа цел, претставниците на локалната самоуправа вчера го потпишаа Меморандумот за соработка со НВО Инфоцентарот, Центарот за граѓански комуникации и Едукативно хуманитарната организација ЕХО, кои се реализатори на проектот.


-Овој проект има за цел да овозможи намалување на корупцијата, поголема ранспарентност, одговорност и отчетност на локалните власти. Со Меморандумот, Општина Охрид се согласува да соработува во спроведување на активностите предвидени со Проектот. Според планираното ќе се организираат истражувања, работилници како и размена на искуства со другите општини.-објаснуваат од Охридската локална самоуправа.


Инаку Општина Охрид, според претходните истражувања на транспарентноста и отчетноста на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија го зазеде четвртото место.

OhridNews