Здружението за заштита на животни “Анималиа“, денеска од 13-16 часот на плоштадот во Охрид, организира хуманитарен настан за помош во собирањето на средства за операција на 9 годишната Тамара Димовска, која има вродена мана на р’бетниот столб.

Тамара мора итно да се оперира во Хрватска, а операцијата чини 30.000 евра.

Здружението “Анималија“ ги повикува граѓаните да дојдат на плоштадот и да донираат колку што можат.

Повеќе за болеста на Тамара може да прочитате тука.

OhridNews