По повод 31 мај – Меѓународниот ден против пушењето, Младинскиот Совет од Охрид денеска пред Центарот за културата „Григор Прличев“, со почеток во 11 часот ќе органзира изложба на уметнички дела кои пристигнаа на ликовниот конкурс објавен по повод Денот за борба  против пушењето.

Исто така ќе има литературно читање на творбите пристигнати на истиот конкурс, а на најуспешните ќе им бидат доделени награди. Ќе се формираат  и групи кои на креативен начин ќе го одбележат Меѓународниот ден против пушењето, а волонтери на МСО ќе дистрибуираат едукативен материјал.

OhridNews