Беседа за Прличев одржа есеистот и литературен критичар Санде Стојчевски, кој истакна дека Прличев е поетски гениј со неспоредлива моќ да испее лирско-епско дело со непотрошлива уметничка енегргија. Креативната самоувереност на Прличев е толкава што тој рамноправно се поставува и спрема највеликите европски духовни творци, рече Стојчески.
– На рамна нога со нив ги коментира книжевните постапки, измислува констатациии и коментари и оправдано книжевно или не, се осмелува да ги корегира, скратува и упрекнува европските книжевни авторитети, укажувајќи на неотпорностите, недоследностите или некој друг вид слабости во нивните дела, истакна Стојчевски.
За делото на Прличев говореше и есеистот и поет Бранко Цветковски, кој потсети на придонесот на охридскиот Хомер во историскиот развој на македонската литература и македонската современа книжевност.
– Еден од најголемите предизвици за сите генерации македонски поети на 20 и 21-от век , останува неповторливиот аскет на поетското совршенество од 19-от, Григор Ставрев Прличев, а епицентарот на неповторливиот творечки и животен подвиг, без споредба во втората половина на 19-от век, во целосен балкански контекст е појавата на поемата на „О Арматолос“ и големата победа на прочуениот атински конкурс пред 150 години“, рече Цветкоски.