И покрај врнежите од снег, утрово, започна украсувањето на центарот на градот по повод празнувањето на Водици. Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, во соработка со координативното тело на општина Охрид, ги украсија канделабрите и пристаништето со бршлен и зеленика.
Како и секоја година поставени се и тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино. Поставени се заштитни огради на пристаништето, како и заштитни огради за лица со посебни потреби и за екипите за брзи интервенции при Црвениот крст.
Во текот на утрешниот ден ќе биде поставена бината пред охридската капетанија и ќе се постават верски знамиња во чаршијата и на улиците кои водат кон пристаништето.
OhridNews