По зимската пауза викендов продолжуваат натпреварите за охридскиот ракометен клуб, а нема подобро отварање не сезоната од езерската дерби пресметката меѓу Охрид и Струга.

Ждрепката од првата рунда од националниот куп сакаше да се судрат токму соседите и тоа во еден “нокаут“ меч кој ќе го даде патникот во четвртфиналните групи. 
Расположението во двата табора е оптимистичко, и едните и другите посакуваат победа и пласман во понатамошната рунда. Во единствениот дуел одигран сезонава п

ред околу две илјади гледачи во одлична атмосфера Охрид ја совлада Струга со 30-21.


Секако дека неизбежен декор на “езерските“ пресметки се навивачките групи “рибари“ и “паткари“ кои преку социјалните мрежи го најавија своето присутво на трибините, што секако ќе му даде посебен шарм на мечот од Купот.
Натпреварот се игра в сабота со почеток од 17 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“.
М.П.