Делегација на Општина Охрид , предводена од градоначалникот Александар Петрески, се наоѓа во официјална посета на збратимениот град Трогир во Хрватска, кој со низа манифестации го одбележува 14 ноември – Денот на Трогир и празникот ” Св. Иван” заштитникот на градот.

Во рамки на посетата се очекува денеска градоначалниците на Охрид и Трогир да потпишат повелба за збратимување на двата града.


Градоначалникот на Охрид, вчера имал обраќање и подолга презентација на Меѓународната конференција за заштита на културното наследство, на која учествуваат претставници на збратимените градови на Трогир од кои дваесетина се од земји членки на ЕУ. Тема на овој голем собир е размена на искуства и заеднички проекти за користење на средства од ИПА фондовите на ЕУ наменети за заштита на културното наследство. Договорено е следната ваква конференција да се одржи во Охрид.


ГрадоначалникотПетрески, во рамки на официјалната посета на збратимениот град Трогир во Република Хрватска,  засади дрво во Паркот на пријателсвото. На церемонијата на која присуствуваше и претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ, дрвца засадија и делегациите на другите збратимени градови.

OhridNews