Во 2010 година на патиштата во охридско се случиле 150 сообраќајни несреќи во кои 9 лица го загубиле животот, а 205 се повредени. По бројот на сообраќајни несреќи Охрид е на седмно место во државата.

Во изминатата година на македонските патишта се случиле 4.226  сообраќајни незгоди со потешки последици, што претставува намалување за  3% во споредба со истиот период од 2009 година, информираат од МВР. Најмногу сообраќајни несреќи имало во Скопје – 1.936, во кои 45  лица загинале а 2.802 се  телесно повредени. Следат Тетово, Куманово, Струмица, Битола, Прилеп и Охрид.

OhridNews