
Охрид се наоѓа во Дримската сеизмогена зона која е прва сеизмогена зона во која може да предизвика земјотреси во подрачјата на Корча, Охрид, Дебар, и Пешкопеја. Сеизмолозите регистрирале повеќе епицентри во поблиската околина на Охрид со јачина од 8-9 степени по МКС кај Св. Размо, над с. Д. Лескоец, кај месноста Билјанини извори, Љубаништа и кај Пештани.
Делот од просторот на ридот, стариот град и делот од падината на планината Петрино во однос на рамнинскиот дел во охридското поле за најмалку еден степен поиздржливи на земјотреси, додека крајниот источен дел , поранешното мочуриште е почувствителен во однос на останатиот рамнински дел.
Во случај на земјотрес, со сегашната поставеност на колекторскиот систем постои опасност од негово излевање и предизвикување на епидемии со несогледиви последици врз луѓето и животната средина, стои во процената на загрозеност на територијата на општина Охрид од природни непогоди епидемии , епизоотии, епитофии и други несреќи и мерки за заштита и спасување, за која идната недела ќе расправа градскиот Совет.
ohridnews












