Високото признание го додели меѓународно стручно жири по посетата на познати туристички дестинации во Србија, Турција, Румунија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија, Кипар, Малта и Грција.
Наградата „ Охрид- шампион на културниот туризам во Југоисточна Европа“ , на специјална свеченост што се одржа во хотелот „ Континентал“ во Белград , во името на Општина Охрид , ја прими раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски.
Меѓународната туристичка асоцијација Sacen International постои 53 години , а 21 година преку наградата „ Златно туристичко срце“ го поттикнува развојот и подигнувањето на квалитетот во угостителско- туристичкото стопанство во земјите од Југоисточна Европа.