Tуристите кои својот летен одмор планираат да го поминат во Охрид можат сами да изберат дали ќе имаат скапо или евтино летување, бидејќи во градот се нудат услуги со цени за сечиј џеб.

Дека цените на угостителските услуги се прифатливи, па дури и релативно ниски во центарот на градот, говори „менито“ на хотелот „Гарден“,  оддалечен само неколку метри од Езерото

Кафе од познатиот бренд „Или“ чини 60 денари, пиво 80 денари, а доста пристапни се и цените на храната и десертите.

Инаку, во изминатиов период за цените во Охрид се водеше жестока дебата на социјалните мрежи. Топ вести на сите интернет портали беа случувањата со годинешната летна сезона, а се дебатираше и се бараа виновници за намалената посетеност во Охрид.

Главни причини за лошата туристичка сезона во Охрид беа наведувани високите цени, за кои пак се сметаше дека во Грција се многу пониски, и негостопримливоста на охриѓани и нељубезноста на охридските угостители.. Дали е така???

OhridNews