Со овој наслов престижниот „ Yahoo Travel“, ги објави фотографиите од Охрид на неговата фан страна на Facebook која има 344 886 следбеници. „Yahoo Travel “ е познат магазин кој прави репортажи од светски познатите и популарни туристички дестинации.
Во изминатиот период во Охрид престојуваат 26 интернационални медиуми и туроператори кои се дел од „Недела на авантури – Западен Балкан“.
Дел од учесниците на турата се: главниот уредник на National Geographic Traveler, Кит Белоус, уредничката на Yahoo Travel, Џо Пиаза и уредничката за југоисточна и источна Европа на Lonely Planet, Брана Владисављевиќ. Тие во рамки на „Недела на авантури“ ќе ги посетат Св. Наум, културно – историските знаменитости во Охрид, Галичица како и други места во Македонија. Покрај посетата на природните убавини, групата ќе ужива во традиционалната македонска музика, храна и култура и ќе учествува во спортски активности, како тандем параглајдинг, велосипедизам, искачување по карпи и планинарење.
По завршувањето на турата се очекува објавување на голем број прилози посветени на убавините на Охрид, кои ќе придонесат за афирмација и привлекување на повеќе странски гости, авантуристи и љубители на природните убавини, добрата храна и музика.
OhridNews