Според последните податоци од Управата на хидрометеоролошки работи, нивото на  Охридското Езеро е искачено на 693,74 метри, што е за 64 сантиметри над минималната кота и само сантиметар под максималната граница. Метеоролозите за денеска и утре предвидуваат врнежи од дожд и снег што ќе влијае на натамошно зголемување на нивото на водата во Охридското Езеро.

Албанија која е зафатена од поплави, побара од Македонија да го зголеми нивото на Охридското Езеро за да се спречи изливање на реката Црн Дрим. Одлука за тоа носи Министерството за економија во консултација со ЕЛЕМ кој стопанисува со хидроцентралите на Дрим.

Локалната самоуправа во Охрид има разбирање за проблемите на соседна Албанија но смета дека предвид треба да се има и ситуацијата од оваа страна на границата.

– До одредена граница треба да се почитува барањето на албанската страна, но мора да се води сметка да не дојде до поплави во Охрид. Никогаш нивото на Охридското Езеро не било високо како сега. Ние ги респектираме нивните барања, но мораме да водиме сметка за нашите интереси, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Градоначалникот најави дека Охрид догодина ќе започне со изградба на бетонски ѕид  долж којот, со цел градот да се заштити од евентуално излевање на Охридското Езеро.

Ohridnews