Ракометарите на Охрид пружија достоинствен отпор на актуелниот шампион Вардар, кој во ефикасен натпревар што се одигра во рамки на третото коло од Супер лигата, вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ славеше 29:31.

Вардар го доби првиот дел со 11:15, но не стигна лесно до победата. „Гладијаторите“ со храбра игра, исклучителна комбинаторика и спортска дрскост, долго во второто полувреме мечот го држеа во неизвесност не дозволувајќи му на противникот посериозно да се одлепи. Напротив, охриѓани постојано му дишеа во врат на Вардар намалуваќи го најпрвин  водството на 2, а потоа и на само еден разлика во 21 минута од вториот дел. На пет минути до крајот Вардар повторно се одлепи на + 4, а во финишот охриѓани ја преполовија предноста за конечни 29:31.

За изданието против Вардар избраниците на Раде Стојановиќ добија долги аплаузи во текот и по завршувањето на мечот.

Ова е прв пораз на ГРК Охрид сезонава, додека Вардар има максимален ефект.

Во следното коло, ГРК Охрид на 26 септември му гостува на Радовиш.

OhridNews