Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во Македонија во првото тримесечје  од 2012 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.8 % и изнесува 5 307 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2012 година бележи зголемување од 9.2 % во споредба со истото тримесечје од 2011 година и изнесува 5 771 лице, а од нив 61 се умрени доенчиња.
 
Негативен тренд бележи и општина Охрид каде во првиот квартал се родиле 107 бебиња, а починале 147 лица. Во истиот период соседната општина Струга бележи позитивен природен прираст. Таму во првото тромесечје се родиле 147 бебиња, а починале  129 лица. 

OhridNews