Охриѓани ја продолжија победничката низа и трката за влез во првата лига останува отворена. “Рибарите“ ја забележија петтата победа на домашен терен, четврта без примен погодок, совладувајќи ја Цементарница со 4-0. По оваа десетта рунда Цементарница останува закована на дното, претрпувајќи го шестиот пораз на гости.
По мирните први 45 минути, во кои домаќините направија само две посериозни прилики, следуваше бура во вториот дел.
Прв серијата ја започна ветеранот Нически. По ударот од аголот на Меди, одбраната кратко ја одби топката до Нически кој ја заби во долниот десен агол на немоќниот Ѓорѓиески. Неколку минути подоцна по ударот од аголот од спортивната страна, најснаодлив во казнетиот простор беше дефанзивецот Перески кој со глава ја зголемува предноста на “белите“, за Перески ова е дебитатнски погодок во белиот дрес.
Сите прашања околку конечениот победник беа разрешени во 73 минута, по двојното проигрување со И.Клечкароски, Мартиноски изби сам пред гостинскиот голман и не себично го проигра напаѓачот кој ја погоди празната мрежа за негов трет гол во шампионатот.
Точка на гол шоуто на “Билјанини Извори“ стави Д.Клечкароски, кој по асистенцијата на И.Клечкароски, со удар по земја го совлада Ѓорѓиески.
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага Серија...
Во 1 кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.