Утре македонската математичка репрезентација заминува на Балканската математичка олимпијада, која до 7-ми мај ќе се одржува во Плевен, Бугарија.

Во репрезентацијата е и талентираната математичарка од Охрид, Теодора Бујароска, ученичка во 3-та година во гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Инаку, Бујароска ќе биде дел од репрезентација на претстојната Светската математичка олимпијада, која во средината на јули се одржува во Јужноафриканската Република.

OhridNews