Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Георгиески, а во која уште беа и претседателката на советот Живка Ангелоска (СДСМ) и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, денеска, положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште и на градскиот плоштад.

Претходно, општинската делегација присуствуваше на богослужбата што по повод празникот на патронот на градот и МПЦ се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник.

На чествувањата присуствуваа и бројни делегации и гости, кои положија цвеќе пред на споменикот на Св. Климент во центарот на Охрид, каде денеска беа врачени наградите за најдобрите поетски творби од литературниот конкурс, што го распиша општината. Со тоа беа заокружени свеченостите посветени на заштитникот на Охрид.

OhridNews
фото: Општина Охрид

Анкета: Каде ќе ја дочекате Новата година?
(Гласај најдолу на порталот)