За несебично залагање во промоција и спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Општина Охрид вчера, доби сертификат ,,Општина без дискриминација,,.

Овој значаен документ, кој на Охридската локална самоуправа и го додели Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, е дел  проектот за јакнење на капацитетите на локалните заедници, општините и граѓанските организации за поефикасно спроведување на Законот за спречувањеи заштита од дискриминација, како и за поттикнување на граѓаните, особено припадниците на маргинализираните групи, како да дејствуваат против дискриминација и како да се заштитат.

Покрај Охрид, Министeрството за труд и социјална политика, им додели сертификати и на општините Струга, Теарце, Дебар, Битола, Струмица, Куманово, Штип, Делчево, Неготино, Радовиш и Липково.

-Во изминатата година, во дванаесетте општини со поддршка на локалната администрација и невладиниот сектор беа спроведени обуки за општинските советници, за вработените во локалните институции, за граѓанските организации, полицијата, медиумите, како и образовните и здравствените институции, а усвоени беа усвоени планови за дејствување за подигнување на јавната свест на граѓаните за поголема информираност и заштита од дискриминација.-рече министерот Ристовски, во рамки на доделувањето на сертифкатите.

Проектот за намалување на дискриминацијата е поддржан со средства од Европската Унија, а се реализира со помош на Британскиот совет во Македонија и граѓанскиот сектор.

OhridNews