Охриѓани синоќа во хотелот „Гарден“ имаа можност да вкусат квалитетни италијански вина од регионот Пиемонте. Настанот беше збогатен со настап на младата и талентирана виолинистка Лина Николеска, која неодамна на натпреварот “Giovani musicisti “ што се одржа во Тревизо- Италија освои 3 награда и виртуозот на клавир Емилија Маринова.
Се дегустираа вина од регионот Пиемонте на северот од Италија, еден од најдобрите вински региони во светот, кој е под заштита на УНЕСКО. Таму се одгледуваат само стари сорти винова лоза, а вината се извезуваат на големите пазари во Сад, Русија, Кина… Насадите со винова лоза во Пиемонте се заштитени со закон уште од 1933 и никаде на друго место во Италија или светот ги нема тие сорти. Некои од насадите се стари 150 години и се’ уште даваат квалитетен род.
Бароло и Барбареско се најпознати места во регионот Пиемонте каде се произведува исклучително вино кое квалитетно старее. И после 100 години да се отворат имаат квалитет како да се произведени пред 4 – 5 години. Специфично е тоа што во технологијата на производство не се користат никакви хемикалии, затоа што грозјето од овој регион содржи се што е потребно за едно квалитетно вино да се добие по природен пат. – вели Благоја Велков, импортер на италијанските вина од регионот Пиемонте кај нас.

OhridNews





















