Голем број пациенти од Холандија, Англија, Словенија, Италија, Германија и други европски земји во текот на изминатиот период започнале организирано да доаѓаат на стоматолошки третмани во Охрид. Ова се должи на официјалната иницијатива за промовирање и организирање на Дентален туризам, која пред околу една година ја промовираше Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
За таа цел беше искреирана официјалната веб страница www.dentaltourismohrid.com преку која странските пациенти може да се информираат за сите детали околу понудата на стоматолошки третмани и како истите да ги искомбинираат со одмор во Охрид.
-Задоволни сме од посетата на веб страницата и бројот на пациенти кој до сега не имаат посетено и исконтактирано за да се информираат за детали. Најчесто не контактираат преку електронска пошта и ни испраќаат рендген снимки од забите, по што ние им правиме план за третман и им испраќеме официјална понуда, во кој што се опишани сите детали. Освен поединци, во последниот период не имаат исконтактирано и неколку тур-оператори од Англија и Холандија кои се интересираа за начинот на кој може да не вметнат во нивната понуда, појаснува д-р Небојша Баткоски.
Тој нагласува дека во однос на капацитетот и квалитет на третманите, нивната ординација воопшто не заостануваа зад Европските стоматолошки услуги.
-Освен современата опрема, располагаме со голем тим на стручен кадар кој има капацитет да одговори и на поголема група на пациенти, исто така имаме и сопствена заботехничка лабораторија, а тоа е многу важно бидејќи од почеток до крај комплетниот производ се изготвува кај нас. За дополнителна сигурност на пациентите имаме соодветно осигурување во согласност со европските здравствени регулативи, за секоја интервенција. Освен врвната професионална услуга, пациентите добиваат гаранција и официјален документ во кој се наведени сите детали за направениот третман и материјалите кои се користени, потенцира д-р Баткоски.
Покрај стоматолошкиот третман, дел од пакет аранжманите за дентален туризам вклучуваат и услуга за организиран престој во Охрид, како што е транспортот од и до аеродромот, сместување и организирање на туристички посети. Исто така Стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“ поседува и возило за транспорт на пациентите од ординацијата до хотелот и обратно.
Исто така, за заинтересираните пациенти постои можност да се избере и вториот пакет на услуги, во кој бесплатно се вклучени консултација, транспорт до ординацијата, сместување во хотел, водич за Охрид, OPG-X-ray снимка и комплетен план за третманот.
Освен странските пациенти, ординацијата „Д-р Баткоски“ опслужува и голем број пациенти кои се македонските иселеници во странство, а во последно време на стоматолошки третмани во Охрид доаѓаат и пациенти од други градови на Македонија.
Е.М