Охрид, ееј Охрид. Помина пак една година. Охрид е мал град. Регион со 1000 приказни. Се се случува. Од високи светски културни настани, забави, до секакви убави изненадувања, инфраструктурни проблеми, политички навреди, поделен народ, туризам лудило, екониомски/финансиски кризи, еколошки (не)одговорности. Има и многу спортски и детски манифестации. Се се случува во нашата најтуристичка дестинација. Добро и лошо, измешано. Како во стрип. Охрид е полн со авантури.
Се потрудив во анимација – стил од оригинални фотографии кои во 2013 се објавени на OhridNews да направам обичен, без професионални чуда, клип/филм/стрип, од настаните коо годинава доминираа во вестите на порталот.
Видео стрипот е монтиран со музика од холандската ток група Racoon, односно нивната песна “my town, my little town” (мојот град, мојот мал град).
Поздрав од Амстердам,
Влатко