Охрид има минимална предност од 12-11 над Струга по првите триесет минути од мечот од првата рунда во националниот куп.

По првичната предност од 2-1 на гостите, охриѓани ја превзедоа иницијативата и поведоа со 10-7. Сепак “сините“ не се откажаа и со дисциплирана игра не само што ја стопија предноста, туку успеаа да поведат до 11-10. 
На брзина резултатот беше изедначен а со голот на Андоновски во последната секунда од мечот “белите“ заминаа на одмор со еден плус 12-11.
М.П.