Во лигата ќе има три натпреварувачки категории и тоа (2000 година, 2001/02 и 2003/04), а ќе се игра во кружен систем. Лигата ќе стартува од викендов, а прв домаќин ќе биде градот Охрид.
– На задоволство на сите дечиња, тренери и фудбалски школи кои доаѓаат од југозападниот регион можам да кажам дека стартува мојот долгогодишен проект за Детска фудбалска лига – истакна координаторот за југозападниот регион, Наум Јанкуловски.
Во Детската фудбалска лига учество најавија сите фудбалски школи кои партиципираат во градовите Охрид, Струга и Дебар.