Исчистени улици, отстранети контејнери и возила од коловозите и тротоарите, засилено полициско обезбедување. Вака изгледаше Охрид непосредно пред доаѓањето на најбогатиот човек на светот, Мексикаканецот со либанско потекло Карлос Слим.


Карлос Слим  попладнево допатува во Охрид, каде утре ќе присуствува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомоникациска заедница и УНЕСКО, со која претседава тој. Други детаљи за посетата на Охрид на најбогатиот човек на светот на Охрид не се соопштуваат, но најавено е дека Карлос Слим ќе види дел од богатото културно историско наследство на Охрид и ќе го посети Палаошник.


Карлос Слим во Охрид ќе престојува во хотелот „Инекс Горица“. За него е подготвен еден од полуксузните апартмани. Посебни барања немало. На менито ќе има национални специјалитети, а Карлос Слим ќе ја проба и надалеку познатата охридска торта.

Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој  за првпат ќе заседава во овој регион, а до сега средбите на нејзините членови биле исклучиво во Женева, Њујорк и во Париз.