Пријателската средба Охрид – Тетекс кој беше планирана како генерален тест за охридските “бели“ пред стартот на сезоната беше одложена, откако дојде до технички причини и недоразбирање меѓу двата клуба.

На мечот кој се одигра на градскиот стадион, Пелистер и Напредок ремизираа 1-1. Со овој меч беше ставен крај на подготовителните натпревари во Охрид.

Стартот на фудбалската пролет е закажан за 11 март, кога Охрид на домашен терен ќе ја пречека екипата на Турново.

М.П.