Ohrid

Од 28.08.2020 - 07:00 до 30.08.2020 - 12:00

Во недела на 30 август низ градските улици во Охрид по четврти пат ќе се одржи Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Годинава спортскиот настан број еден во Охрид ќе сврти нов лист организирајќи полумаратон (21 километар) со кој ќе направиме дополнителен исчекор кон светските туристички метрополи кои организираат врвни спортски настани.

Во недела на улиците и крајбрежјето на Охрид ќе има вкупно 500 учсници и тоа 250 на полумаратонот и 250 на рекреативната трка на 5 км. Ова издание ќе претставува посебен предизвик поради општопознатата ситуација со Ковид-19 и посебно поради фактот дека „Охрид трчаТ“ е прва атлетска улична трка која ќе се одржи во Македонија во време на пандемија од коронавирусот. Мерките, протоколите и насоките од Комисијата за заразни болести во целост обезбедуваат заштита и сигурност на сите учесници на трките како и на сите што се дел од организацијата така што нас ни останува да ги почитуваме и да се придржуваме до нив поради безбедност на сите нас. На граѓаните од Охрид, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании им благодариме за почитување на времениот режим на сообраќај и за разбирањето. Сите заедно сме дел од Охрид и неговата промоција така што сме убедени дека ќе организираме добра трка.

„Охрид трчаТ“ официјално ќе стартува в сабота со експото на кое пријавените учесници ќе ги подигнуваат стартните пакети, а спонзорите ќе имаат можност да ги промовираат своите производи.

Учесниците на 21 километар ќе стартуваат во 7:30 часот, додека учесниците на рекреативната трка на 5 километри ќе стартуваат во 8:15 часот. Дел на улиците на Охрид ќе бидат затворени од 7 до 10 и 30 часот, за повеќе информации околу времениот сообраќаен режим имате на нашата веб страна www.ohridtrcat.mk на нашите социјални мрежи. Дополнително како организација денес и утре ќе дистрибуираме информативни флаери со цел што поголема информираност на сите учесници на сообраќајот во Охрид. На крај до сите медиуми се извинуваме затоа што немаме официјална средба поради Ковид -19 но стоиме на располагање за сите дополнителни информации.

OhridNews