На анктентното прашање на OhridNews Во чест и сеќавање на охридската маратонка, Атина Бојаџи, нејзино име треба да носи? – 33 отсто од читателите сметаат дека на пливачката хероина треба да и биде посветена една од градските улици. Идентичен процент смета дека градскиот кеј треба да го носи името Атина Бојаџи. Голем дел од читателите, 26 отсто сметаат дека треба да и се оддаде почит на друг начин, а 8 проценти предлагаат плоштатдот да биде преименуван во „Атина Бојаџи“. Во анктетата учествуваа 1884 читатели.
Со свои предлози и иницијативи неодамна излегоа и политичките партии. ОК ВМРО ДПМНЕ предложи да се именува улица или плоштад во чест на Атина Бојаџи, додека СДСМ излезе со предлог за преименување на спортскиот центар. За овие предлози ќе се расправа на продолжението од 29-та седница на Советот.
Голем број предлози стигнаа и до нашата редакција. Го издвојуваме тој на Мите Панев кој смета дека можеби е добро некоја плажа да се именува во чест на Атина Бојаџи и на неа да се постави нејзина скулптура со тема од пливањето.