На покана на Туристичката организација на град Лесковац, општина Охрид учествуваше на третата изложба на сувенири и промотивни материјали. На изложбата учествуваа преку четриесет туристички организации од подрачјето на Република Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија.
Општинската делегација учествуваше на свеченото отварање на Туристички информативен центар и свеченото отворањето на Третата изложба за сувенири и промотивни материјали.
Во рамки на изложбата беа одржани предавања на тема “ Екотуризмот во Охридскиот регион“. Остварени беа и средби за понатамошна соработка во културен план, туризмот и други подрачја се со цел зближување и зацврстување на односите на двата града.












