В сабота на 29 март со почеток во 19 часот охридските ракометари против Металург Јуниор ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата.

Стратегот на Охрид, Горан Андоновски на располагање ги има сите ракометари и горат од желба со победа да им се заблагодарат на навивачите и публиката пред дуелите за опстанок во Супер лигата.
Мх.П.










