Охрид во јули годинава го посетиле вкупно 82 500 туристи, од кои 47 737 биле домашни, а 34 763 странски. Вкупниот број на ноќевања изнесува 372 816.

Од странските туристи најмногубројни биле Турците – 12 541, па потоа гостите од Србија – 3 919, Холандија – 2 428, Полска – 1 945, Германија – 1 394…, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

За споредба Охрид лани во јули го посетиле 72 521 турист, најмногу домашни по нив од Турција, Србија, Полска и Холандија.

На ниво на држава 223 711 туристи оствариле 795 083 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 43.0% се домашни, а 57.0% се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јули 2026 година изнесува 795 083, од кои 67.2 % се од домашните туристи, а 32.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 1.5 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 1.3 %.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС