Општина Охрид за изгрдаба на канализација и други инфраструктурни зафати во повеќе делови на градот во 2009 година, ќе инвестира 185 милиони денари.

На улицата „Абас Емин“ ќе се постави фекална канализација во  должина над еден километар. За овој зафат предвидени се околу 10 милиони денари. Во тој дел на градот ќе се изведат такви зафати уште и на ул. „Будва“ за која се предвидуваат повеќе од половиона милион денари. Над половина милион денари ќе се издвојат и за изградба на фекална канализација на ул. „Беќир Али Риза“, а за канализација во делови на населбата „Радојица Новичиќ“ ке се инвестираат над 1,2 милиони денари. Ќе се поставува фекална канализација и на „Богомилска“ и ул. „Егејска“, соопшти локалната самоуправа

Меѓу поголемите  зафати што ќе се реализираат во 2009 година, спаѓаат изградбата на фекална канализација на ул. „Прва Македонска Ударна бригада“ – за која се предвидени над 4,2 милиони денари. Во поголемите  зафати се и работите во втора фаза во населбите Лескоец и Велгошти за што се предвидени околу 70 милини денари. Околу 80 милиони денари се предвидуваат за изградба на канализациони мрежи со пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа за кои проектите се во фаза на изработака, а најверојатно ќе се бараат и дел на средства од државниот буџет.

Канализација ќе се поставува и на улицата „Илинденска“- од црквата „Св. Софија“ до Горна Порта- и од Горна Порта до црквата „Св, Богородица Перивлепта“,за што ќе се потрошат околу 1,6 милиони денари. Предвидени се и зафати за изградба на дождовна канализација на повеќе улици во поширокиот центар, меѓу кои  „Стив Наумов“, „Абас  Емин“, „Егејска“, за што од буџетот ќе бидат издвоени над 40 милиони денари.

Ohridnews