Со полагање цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк од страна на делегации од општината, јавни, културни и просветни институции, утре во 11 часот ќе започне одбележувањето на 24 Мај, Денот на Сесловенските просветители.Општината предвидува и богата културно-уметничка програма што ќе започне напладне на градскиот плоштад.
Во рамки на свеченостите градоначалникот на Охрид, Алексадар Петрески, на 40-тина ученици добитници на награди за осовоено прво, второ и трето место на домашни и меѓународни натпревари ќе им врачи пригодни подароци во знак на благодарност за афирмацијата на Охрид од нивна страна.











