Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк и пригодни свечености, во Охрид беше одлежан Денот на сесловенските просветители „ Светите Кирил и Методиј„ . Свежо цвеќе положија Градоначалниот Александар Петрески, делегација на Советот на Општина Охрид предводена од Претседателот Душко Јаковчески, делегации на политички партии и јавни институции како и претставници на Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.

– Огромна е почитта на словенските народи кон „ Светите Кирил и Методиј“ зошто тие со своето дело оставија неизбришливи траги во втемелувањето на сесловенската писменост и култура.Нашата почит кон нивното дело и делото на нивните ученици „ Светите Климент и Наум Охридски“ е уште поголема зошто Охрид го прославија како центар на словенската писменост и култура – беше пораката упатена од пред споменикот на сесловенските просветители.

OhridNews
извор: ohrid.gov.mk